ТЕРА

REKLAMA???

Од 1 март нема оспорување на плаќање – ОТП кодот се повлекува

Oд 1 март 2026 година банките нема веќе да ги користат СМС ОТП кодовите за потврда на оналјн плаќањето на корисниците, бидејќи се воведува нов начин на автентификација на корисниците.

Плаќањата во електронската трговија и трансферот на пари преку интернет-банкарството од 1 март ќе биде изменето во сите банки во државава. отп кодовите се заменуваат со посигурни начини на потврда на идентитетот и сметката на корисниците. ОТП Кодот што корисниците при плаќање го добиваат преку СМС порака ќе биде повлечен, а методот што се користи ќе биде преку апликација за која банките технолошки веќе се подготвени. Потврдата дека носителот на сметката и парите во неа што треба да се одлеат за поединечно плаќање ќе се реализира преку М-банкинг, М-токен или друг начин.

Оваа промена најпрвин се прави за намалување на можностите за злоупотреба при интернет трансакциите со картички, но и со следење на европска директива.

Од македонската банкарска асоцијација за ТЕРА велат дека промената значи оти методот се занемува со понапреден и побезбеден метод

„Со промената банките имплементираат динамичко поврзување на онлајн картичните трансакции со точно определен износ и определен трговец (примач) кој клиентот го потврдува на сигурен начин (преку м банкинг, М Токен или друг начин овозможен од банката) со што се намалуваат можностите за злоупотреба при интернет трансакциите со картички. Кога клиентот потврдува плаќање, тој директно во м-банкинг апликацијата (или друг сигурен начин) го гледа точниот износ и точниот трговец кон кого го врши плаќањето, и го одобрува со користење на начинот на автентикација определен во договорот што го има со банката (биометрија/код за автентикациј/М-Токен и сл.).“

Ова најпрвин ќе ја намали динамиката на работа на банкарските тимови.

Од друга страна, Македонија има европска директива којашто мора да ја испочитува и реализира. ОД македонската бабнкарска асоцијација велат:

„Најнапред да појасниме дека промените што следуваат се всуштност усогласување на банките со барањата на член 124 од Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги (PSD2),  засилена автентикација на корисниците (на анг.Strong Customer Authentication – SCA) при извршување на електронски плаќањата со платежни картички. Притоа одредбите од овој член кои се однесуваат на онлајн плаќањата со картички со подоцнежните законски измени беа регулирани да станат задолжителни од 01.03.2026 г.

Во пракса кај најголем дел од клиентите на банките, ова ќе значи дека секој клиент кој плаќа со картичка на интернет ќе треба да има активен дигитален пристап до банкарска апликација преку кои ќе се потврдуваат онлајн трансакциите со платежни картички кои ќе бараат дополнителна верификација.

Со оваа промена се зголемува и одговорноста на клиентите имајќи во предвид дека значително се ограничуваат можностите за оспорување на трансакциите направени со засилена автентикација бидејќи при нивното авторизирање клиентите експлицитно го потврдуваат износот на трансакцијата и примачот на средствата, кој мора да им биде познат.

На крај, од МБА апелираат кон исклучително вниматело користење на своите електронски уреди од кои спроведуваат плаќање: Велат „Корисниците да бидат повнимателни кон т.н социјален инженеринг и измами – да се внимава при примање пораки и линкови од непознати испраќачи, да се избегнуваат нереално добри понуди и, веќе познатото проавило да не се споделуваат кодови, лозинки и лични податоци преку мобилните апарати.“