ТЕРА

REKLAMA???

Патот кај Довлеџик пуштен за сообраќај, но, дали е санирано оштетувањето?

Градежна механизација во вторникот, на 24 февруари го забави сообраќајот на патот кај Довлеџик. Тоа предизвика реакција и негодување кај возачите коишто со поголема внимателност ги управуваа своите автомобили по тој пат.

Тие реагираа и до Редакцијата на  ТЕРА телевизија, со цел објективно да ја информираме јавноста за какви градежни интервенции станува збор.

На лице место затекнавме градежни екипи на фирмата изведувач коишто вршеа изведбени активности  на терен, а кога се одвиваше застојот во сообраќајот, возачите со сигнализација беа пренасочувани од другата страна на патот.

По завршувањето на изведбените активности, патот кај Довлеџик, уште истиот ден целосно беше пуштен за сообраќај.

Денеска наша екипа на лице место регистрираше што беше санирано во вторникот на патот кај Довлеџик.

Поставивме и прашање до Прес службата на Општина Битола: Кој ги изведуваше градежните интервенции на патот  на 24 февруари?

Но, до денешното емитување на Актуел, оттаму не добивме одговор.