Пронајдена е театарската завеса којашто ја отвори сцената на првата претстава на македонски јазик во повоена Битола. По цел еден век, завесата е во релативно добра состојба и со мала конзерваторска работа може и денес, 100 години подоцна, да се користи.

Фасцинантна приказна за издржливост и човечка упорност сподели денеска Васко Мавровски, директор на битолскиот народен театар. Приказна што ги отвора вратите на вистинските сознанија за почетоците на театарот во Битола, изведбите на македонски јазик, делот од историјата на македонсакта театарска култура и македонската култура воопшто.

По упорно трагање за потврда на сознанијата дека завесата којашто ја отворила сцената на првата претстава одиграна на македонски јазик овде во Битола е сочувана, Мавровски и неговиот тим ја пронајдоа и денеска на прес конференција за претставата „Пинокио“ ја претставија на јавноста.
Завесата од кадифе е во добра состојба и, со мали конзерваторски работи врз неа, може и да се користи.
Завесата била подарок од српската кралица Марија Карагорѓевиќ токму за тогашниот Битолски Градски театар.
Битола во тој период бил важен културен центар, а театарот бил еден од најубавите на Балканот. Иако, сега е дел од колективната меморија на градот што веќе го нема.
Највпечатливиот дел од приказната е како завесата преживеала. Во моменти на војни и различните економски превирања со кои се соочувале земјите од Балканот ваквите предмети често биле уништувани или фрлани, преправани во облека или само пеплосани од пожари. Но, оваа завеса останала цела 100 години по нејзиното прво изложување и отворање на првата битолска професионална претстава.
Театарот во Битола важи за еден од најреномираните во регионот, а завесата е алката којашто недостигаше за почетоците пред скоро еден век и денешниот Битолски народен театар.













