ТЕРА

REKLAMA???

„Пинокио“ во Битолски театар

Последниот ден од вториот месев во 2026 година е предвиден за втората премиера на битолскиот театар – претставата „Пинокио“ на италијанецот од Фиренца Карло Колоди што за кај нас ја драмитизираше и режира Деан Дамјановски.

 

Премиерата ќе се случува утре од 18 часот во на големата сцена на театарот, а директорот Васко Мавровски, најави вистински спектакл во кој текстот и специјално избраните сонгови со артистичкиот израз на изработената сценографија и костимографија, маските и актерите ќе ја оправдаат довербата, парите и трудот вложен во подготовката на претставата.

Претставата носи пораки за луѓе од 7 до 77 години. Текстот се занимава со изборот и одговорноста по него. 20 годишното режисерско искуство на режисерот Деан Дамјановски е во симбиоза со уметноста на Марјан Неќак кој е композиторот на претставата која може да се дефинира и како мјузикл.

Изборот на актери кои ги играат клучните ликови во претставта пак носи лична приказна од нивниот избор – да се биде актер. Никола Стефанов е Пинокио,

Валентина Грамосли – штурецот совест

а Марјан Георгиевски – дрводелецот Ѓепето.

Софија, Ана, Веда, две Лини, Стефан, Каја, Николина, Матеа, АнаМарија, Богдан и Николај од театарската школа „Бабец“ се хорот во претставата којашто како црта нуди приказна за доброто и лошото, мечтата наспроти реалноста.