ТЕРА

REKLAMA???

Започна поскапување на услугите на станбените сервиси во Битола

Уште едно поскапување за граѓаните во Битола, овој пат за оние кои живеат во згради. Жителите на населба Кланица веќе добија известување дека се зголемуваат цените на услугите на станбените сервиси.

Од март 2026 година ќе важат нови цени за услугата која се однесува на одржување на хигиената, како и за станбеното управување.

„Во текот на изминатата година продолжи растот на трошоците за работа, со најголем акцент во ангажирањето на квалитетна работна сила.

Од март 2026 година стапува на сила и ново зголемување на минималната плата, што влијае врз директното зголемување на нашите трошоци.“-стои во писменото известување со кое на граѓаните им се образложуваат причините за поскапувањето.

„И покрај тоа што се трудевме цените да останат непроменети што е можно подолго, принудени сме да извршиме усогласување на цените.“-стои во известувањето.

Според истото новата цена на услугата за одржување на хигиената ќе изнесува 240 денари, а новата цена на станбеното управување ќе биде 170 денари.

Од станбениот сервис во писменото известување отпечатено од лист хартија залепен на влезните врати во зградите се заблагодаруваат на разбирањето и поддршката, но додаваат и дека во случај на несогласување со наведената промена станарите треба да ги известат со писмена одлука за прекин на договорот.