ТЕРА

REKLAMA???

Нема повеќе паркирање на две паркинг места за исти пари

Граѓаните кои на јавните паркинзи не се прецизни во паркирањето и зафаќаат две места, ќе бидат ем казнети ем и за паркингот ќе платат.  Повеќе нема да бидат уважени оправдувањата дека местото не било добро обележано. ЈП „Паркинзи“ започна со пролетното обележување на местата.  Нашата камера ги регистрираше работите на паркингот пред градскиот саат.

Нема повеќе несовесно однесување на големите шофери низ градот кои не внимаваат на своите сограѓани.

Во отворените и затворените јавни паркиралишта возилата кои нема да бидат паркирани прописно, односно не се бележани во обележаниот простор и зафаќаат две места  или дел од второ паркинг место ќе бидат блокирани на предното лево тркало со механичко средство блокатор на тркалото. Цената на непрописно паркирање ќе изнесува колку што е цената за поставување на механичкото средство блокатор зголемена за времетраењето на услугата.

Ова подразбира дека во интерес на граѓаните, ЈП Паркинзи повеќе нема да толерира изговори дека не биле видливи границите на едно паркинг место. Овој предлог на претпријатието советниците го усвоија на седницата на која ги зголемија цените на услугите на ова претпријатие.

Инаку веќе еден месец цената на паркирањето за автомобили е со покачени цени.

Во централното градско подрачје – зона А чини 50 денари за час паркирање, со можност да го оставите возилото цел ден, во Зона Б  – измесува 30 денари за час, во Зона Ц – 20 денари за час. И во зона Х ( икс) цената е 20 денари за час. Во сите овие може да го оставите возилото и цел ден, а на крајот ќе Ви биде пресметана вкупна сума. Само во Зона Д – на просторот околу болницата цената на паркирање чини 30денари за цел ден.

Обележувањето на паркинг местата е една од редовните активности на ова јавно претпријатие.