ТЕРА

REKLAMA???

Чествување по повод 62 годишнината од смртта на легендарниот Милтон Манаки

Во организација на Комуната на Власите и Кино клубот „Милтон Манаки“ од Битола, секоја година традиционално на 5 ти март, со полагање на свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот Милтон Манаки, на Влашките гробишта во Битола  му се оддава почит на првиот филмски снимател на Балканот.

Денеска, на Влашките гробишта во Битола се одржа помен на легендата на Балканската кинематографија Милтон Манаки, по повод 62 годишнината од неговата смрт.

Делото на Манаки е огромно и треба да се почитува и вреднува, рече на денешното чествување, Стевче Хаџиантоновски, претседател на Клубот „Студио Милтон Манаки“ од Битола.

Делото на браќата Манаки е темел на македонската и Балканската кинематографија и фотографска уметност, прогласено за културно наследство од особено значење.