https://www.youtube.com/watch?v=6q5WaL0NfH0Стари гуми, парчиња стар мебел, пластични шишиња и најлони. Поразителна глетка од течението на Река Црна во демирхисарско.
Локални жители реагираат на континуирано загадување на реката која е од големо значење за целиот регион.
„Од таа вода пијат животни, со таа вода се наводнуваат ниви, таа река е дел од нашата околина и нашата историја. Пластика што ќе стои со години, кеси што ги носи водата, шишиња и секаква нечистотија што не припаѓа таму. Природата не ни должи ништо – ние сме тие што зависиме од неа. Колку и да се правиме дека не гледаме, отпадот не исчезнува сам од себе. Тој останува како трага на нашата негрижа.“-реагираат мештаните.
Загадувањето на реката врши дополнителен притисок на водниот тек, така што при врнежливи периоди ризикот од поплави е поизразен, а штетите се поголеми.


















