ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидирање на претседатели на општинските комитети, меѓу кои и за комитетот во Битола. По седумдневни обиди да стапиме во контакт со претседателот на општинската организација Пеце Милевски, сите наши обиди да добиеме одговор на нашите новинарски прашања завршија безуспешно.
1. Според наши неофицијални информации се пријавиле над 70 кандидати да бидат на чело на ОК во Битола. Но, од средата, во најтесниот избор останале само четворица кандидати. Од секоја фракција по некој. Дали станува збор за компромис или демократски избор на најдобрите кандидати, одговор од Милевски не добивме?
2. Пеце Милевски не даде одговор на прашањето: Како ги оценува ваквите кадровски промени во Општинските комитети, веднаш по победата на Локалните избори?
3. Во јавноста постојат гласини дека во Битолската општинска организација има три фракции. Но, од претседателот на Општинскиот комитет Пеце Милевски не добивме одговор дали се точни ваквите гласини?
4. Општинскиот комитет на официјалната Фејсбук страница во февруари имал само 4 објави од активности на партијата. Не добивме одговор на прашањето, на што се должи тоа, а воедно, останавме и без одговор и на прашањето:
5. Дали ваквите кадровски промени и „проветрувања“ значат подготовки за Предвремени парламентарни избори?
Јавноста во духот на транспарентноста очекува да добие одговор на прашања коишто се во делот на последните политички збиднувања во Битола, и оттука, граѓаните очекуваат да добијат одговори на прашања што се однесуваат на политиките што се водат на локално ниво, и очекуваат одговори на сите прашања за одлуките што ги носат политичарите на централно и локално ниво.
Но, наместо одговори, добивме молк од другата страна. Зошто, оставаме да процени Битолската јавност?













