И по една година од почетокот на реконструкција на патот зад Здравствениот дом и улицата „Козара“, изведувачите на реконструкцијата немаат завршено. Просторот врие од автомобили, мајки со колички за деца бараат околни патишта, а возрасните – не излегуваат.

Механизација и денеска малку по малку ја средува улица Козара, зад Здравствен дом. Но, состојбата е далеку од предвидениот крај – нејзиното асфалтирање и спојување со улицата на којашто излегува 11-ти март.

Просторот зад уредот веќе подолго време е раскопан. Ниту амбулантните ниту граѓанските возила ниту пак граѓните може безбедно да се движат. Мајките со колички за деца ја избегнуваат улицата. Постои опасност количките да станат неупотребливи. Долготрајноста на поправката пак и изминатиот временски период веќе го изваде и тампонот од чакал.
Улицата 11 март пак исто е добро истапкана – се реконструира цела година. Битолчани веќе не забелжуваат дека се реконструира и дека тука има посебен сообраќаен режим. Па возат низ неа, паркираат на неа.
Реконструкцијата на овие две улици е дел од поголем проект што се реализира од минатата година. Реконструкцијата на водоводна мрежа со вкупна должина од 1.060,0 м и реконструкцијата на мешовитата канализациона мрежа со вкупна должина од 1.049,0 м, го финанисра Министерството за транспорт. Реконструкцијата на постоечката коловозна конструкција и тротоарите со вкупна должина од 735,0 м и реконструкцијата на уличното осветлување ќе се финансираат од општинскиот буџет. За намената беа предвидени 15итна милиони денари.















