ТЕРА

REKLAMA???

Несовесни граѓани во Битола создаваат мали диви депонии

Малите диви депонии создадени од несовесни граѓани се еколошки проблем на Битола што се чини дека малку потешко се надминува.

Несовесните граѓани коишто фрлаат отпад кадешто ќе им текне и на тој начин  создаваат диви депонии, никако да ги сменат лошите навики и да престанат да ја нагрдуваат сликата за Битола.

Малите депонии во градот под Пелистер, што ги создаваат несовесните граѓани никнуваат како печурки по дожд. Тоа што особено ги загрижува битолчани е што еколошката свест кај некои сограѓани е на многу ниско ниво, и токму затоа постојат мали депонии во градот што не само што се повторуваат, туку и по генерални чистења,  постојано никнуваат нови, со отпад и ѓубре.

Општиот заклучок е дека граѓаните треба без исклучок да придонесуваат за почиста и поздрава животна средина, и час поскоро да престанат  со своето несовесно однесување секојдневно да ги обновуваат старите и да создаваат нови диви депонии.

Една таква мини депонија има и во делот на поранешната Касарна. Не е реткост и сликата, несовесни граѓани и централните подрачја во градот да ги нагрдуваат и загадуваат со градежен шут, стари апарати за домаќинство, стара облека и мебел.

Инаку, овој проблем со дивите депонии го имаат и речиси сите градови од државата а подигнувањето на јавната свест за чиста и здрава животна средина е од големо значење, за да се подобри секојдневното живеење на граѓаните.

Селектирањето и рециклирањето на отпадот и подигнувањето на еколошката свест, несомнено дека се од круцијално значење за чиста и здрава животна средина. Но, очигледно, ваквата свесност некои сограѓанитешко ја разбираат.