ТЕРА

REKLAMA???

Здружението на пензионери свечено го отвори Клубот од МО „Кочо Десано“ во Битола

Здружението на пензионери од Битола денеска на свечен начин го отвори Клубот на пензионери од Месниот огранок „Кочо Десано“, еден од поголемите ограноци во градот по бројност  на пензионери.

„Ова е уште еден клуб кадешто пензионерите ќе имаат можност активно да го поминуваат слободното време на еден креативен начин, истакна на денешното свечено отворање, Даница Петличкова, претседателка на Здружение на пензионери Битола.

Петличкова исто така ја потенцираше грижата на Здружението за пензионерите од руралните месни ограноци.

Инаку, Здружението на пензионери Битола, во кое членуваат над 20 илјади пензионери е едно од најголемите здруженија.