ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕМИЕРА НА ДВЕ ЧЕХОВИ ЕДНОЧИНКИ ВО СЛОВЕНИЈА ВО РЕЖИЈА НА МАРЈАН НЕЌАК

Најновата премиера во театарот во Копер, Словенија, која ќе биде изведена на 13.март, е со наслов „Да се живее!“, заедничко име за Чеховите едночинки „Мечка“ и „Трагичар по неволја“, чиј режисер, композитор и сценограф е Марјан Неќак.  Со „Да се живее!“, Чехов по 16 години повторно е на сцената на овој театар.

„ Кај Чехов секогаш се работи за луѓе кои се обидуваат да живеат. Затоа неговите едночинки ги доживувам како мали епизоди од животот – како некоја современа серија, само што Чехов ги напишал сто години пред Netflix”, рече режисерот.

„Овие едночинки не се фиктивни драми, тие се нашето секојдневие – само без маски“, додава режисерот.