ТЕРА

REKLAMA???

Дискусија во Советот за убавите и помалку убавите работи во Битола

„Нашиот градоначалник во одговорите на советничките прашања ни кажа да не бидеме толку песимисти и да се обидеме да гледаме на убавите работи во градот. Јас најсрдечно прашувам. Кои се тие убави делови во градот? И многу ми е жал, што оваа сала како да живее во две парарелни реалности“.

Ова на минатонеделната седница на Општинскиот Совет од говорницата го рече, советничката на СДСМ, Софија Ристевска-Петрушева, откако градоначалникот на Битола,  им порача на советниците од опозицијата дека во Битола постојат и поубави работи во градот отколку само дупките што ги гледаат и дека сериозно како локална самоуправа ги земаат предвид забелешките и од советниците и од граѓаните.

Градоначалникот вели дека во Битола моментно има градежна офанзива.

Ги прашавме битолчани што мислат за ваквите дискусии во Советот меѓу градоначалникот и опозициските советници.

„Моментално јас можам за улиците да кажам, се во многу лоша состојба и тоа не е добро. Можам да се изразам просечно.  Битолско лето ако го земам, тоа е во ред, како град на култура, на уметност, меѓутоа многу работи треба да направат. Треба катни гаражи, има проблеми со паркирањето, не се решени тие работи“ рече анкетиран граѓанин.

„По мое мислење немам забелешки, досега добро се одвиваат работите и одржувањето на градот, во однос на чистота, регулирање на сообраќајот. По мое мислење немам забелешки“ истакна друг битолчанец.

„Работата на опозицијата е тоа. Да ги регистрира, да ги кажува на седниците недостатоците во градот. Она што се ветува се реализира, но, не може одеднаш. Меѓутоа, треба да се убрза таа постапка“ вели граѓанин на Битола.

„Повеќе граѓанските  иницијативи да укажуваат на проблемите, да се прават анкети и врз основа на тие анкети да се инсистира да се подобрат сите работи што им фалат на граѓаните. Значи, тука треба граѓанскиот сектор да е вклучен. Затоа тие анкетирања се потребни. Невладините организации треба да имаат поголемо учество“ вели анкетиран битолчанец.

Инаку, ваквата дискусија на последната седница на Советот на Општина Битола, беше во делот на советничките прашања.