ТЕРА

REKLAMA???

Дали Битола е доволно осветлен град?

Во повеќе наврати граѓани реагираат до нашата Редакција дека поголем дел од битолските улици имаат проблем со уличното осветлување. Граѓаните прашуваат зошто се јавуваат проблеми во одржувањето на уличната мрежа, и оттука граѓаните се приморани со телефоните да осветлуваат за да можат безбедно да се движат низ битолските улици? Тие реагираат дека Битола не е само Широк Сокак, туку и влезовите во градот, што треба да остават позитивен впечаток и кај туристите што ја посетуваат Битола.

Ги прашавме граѓаните, дали Битола е доволно осветлен град?

„Не би рекол. Може да биде и подобро осветлен град. Периферниот дел од градот треба  да се осветли повеќе“ вели граѓанин.

„Мислам дека треба уште повеќе, оти некои улици е затемнато, одиш по некои потесни сокаци, не знаеш што може да те пресретне“ вели друг.

„Мислам дека е осветлен град. Ние живееме тука кај пазарот, кај Бизнис центарот, сега некои делови во градот што се понастрана, немаме поминато и не знаеме, инаку мислам дека е доволно осветлен градот“ вели анкетиран битолчанец.

„Мислам дека релативно е осветлен град“ вели битолчанка.