21 годишен прилепчанец не само што управувал возило без возачка дозвола, туку и учествувал во сообраќајна незгода со полициско возило по што е лишен од слобода.
Од Секторот за внатрешни работи Битола информираат дека на 24.03 2026 во 11:30 часoт во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Е.Ш.(21) од Прилеп.
Претходно, на крстосница од ул.„Кузман Јосифоски” со ул.„Ладо Лапецот” во Прилеп, тој со возилото „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со службено патничко возило на МВР, управувано од В.И.(31) од прилепско. Притоа била причинета и материјална штета.
По преземени мерки е констатирано дека младиот прилепчанец го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.












