Mодата со помпезни забави да се слават детски родендени во последните години наголемо е прифатена и кај нас. Со планира забавата, се резервира игротека, се нарачуваат торти, декорации со балони и се печатат хартиени покани.
Но, каде завршува отпадот откако ќе заврши забавата. Некои се еколошки посвесни па наместо да ги фрлат балоните и декорациите ги донираат за некое друго дете кое исто така би можело да се израдува, без неговото семејство да троши дополнителни средства и што е најважно без да загадува.
Но, има и такви кои по роденденската забава останатите балони и декорации едноставно ги фрлаат на места кои не се соодветни за тоа и ја загадуваат животната средина. Во последиот месец регистрирани се два такви случаи, еден во Нова Битола, а еден над еврејските гробишта.
Еве каква слика затекнавме денес во Нова Битола – отпадоците од роденденска забава завршиле во природа. Исфрлени под расцветаните дрва ја нагрдуваат и ја загадуваат животната средина.
Но, за да биде иронијата уште поголема на само чекор до оваа новосоздадена мини депонија стои контејнер. Нејасно е зошто отпадот не завршил во контејнер, туку во природа.
Поразителна глетка и од ридот над Еврејските гробишта меѓу населбите Ушици и Стрелиште.

И тука по некоја роденденска забава отпадот завршил во природа. На истото место тука настанал дури и пожар, што потенцијално претставува уште поголема опасност за целата природа во опкружувањето.












