ТЕРА

REKLAMA???

По 20 години се враќа средното полициско училиште

По две децении се враќа средното полициско училиште. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на научно-стручна конференција за психофизичката подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“.

„Средното полициско училиште, ќе биде темел за рано градење дисциплина, физичка подготвеност, психолошка стабилност и чувство за служба кај идните генерации полицајци“ посочи министерот Тошковски, притоа додавајќи дека ваквиот пристап претставува долгорочна инвестиција во квалитетот на безбедноста и дека подготовката на кадарот ќе започнува уште пред нивното формално вклучување во системот.

Министерот се осврна на сложеноста на полициската професија, нагласувајќи дека полициските службеници секојдневно се соочуваат со динамични, непредвидливи и стресни ситуации, во кои одлуките се носат брзо и имаат директно влијание врз безбедноста на граѓаните.