Денеска во малата сала на Центарот за култура, во организација на Државното Средно Училиште Спортска Академија Битола се одржа стручно предавање од областа на ,,Фитнес – Подготвителен период Фудбал“. Стручен предавач Велјановски Саше, ,,Фитнес ,,А“ лиценца на Уефа, професор по физичка култура и кондиционен – фитнес тренер во ФК.Пелистер.

ДСУ Спортска Академија од Битола многу често организира стручни предавања од областа на спортот во соработка со нашите факултети на различни теми: ,,Спортска исхрана“ (факултет за Нутриционизам) ,,Спортски повреди“, Спортска психологија“…

Средното училиште 12 години успешно функционира во нашиот град и од него произлегоја скоро сите млади фудбалери со професионални договори од нашиот град , кои играат во нашата земја и во странство. Голем е бројот и на запишани девојчина фудбалерки. Горди сме на големиот број машки репрезентативци кои поминале и се дел од националните селекции а уште поголем е и бројот на девојчина репрезентативки наши ученички. Со исполнување на одредени критериуми 80% од учениците добиваат месечна стипендија од нашето училиште, спортска опрема за секој поединец и најразлични реквизити и опрема за непречена работа на тренерите.

Тренерите, четири на број и еден физиотерапевт, ги избира Фудбалската Федерација на Македонија на оглас, а изборот на учениците се врши со селектирање од страна на селекторите на репрезентацијата на млади категории на Македонија.

Со завршување на четврта година и полагање на државна матура секој ученик има право на упис на било кој факултет од нашата држава. Секоја година на факултет се запишуваат околу 80% од учениците од кои и најголемиот број завршуваат факултети од најразлични области за што сме, од ова училиште велат, најмногу се гордеат како училиште.












