Во Бистрица има бактериoлошки неисправна вода за пиење, која ја нема и во доволна количина. Голем дел од населеното место или село на само 5 км од Битола се соочува со недостиг на вода, особено во летниот период. А за канализација да не правиме моабет, таму се отворени канали, фекалиите течат покрај дворовите на улиците.
На овој проблем укажаа од ЛДП со советничко прашање дали е план изведување на канализациона мрежа која ќе го опфати и ова населено место.
Дали се планира канализациона мрежа во Бистрица
















