Денеска е Благовештението -почетокот на сите Господови празници, означува „добра вест“ „блага вест“,за најголемата и најрадосната вест во историјата на човештвото, за спасението на човечкиот род, коешто се изврши преку Воплотувањето на Синот Божји во утробата на Пресвета Марија.
„Радувај се благодатна ! Господ е со тебе!“. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот дух врз Пресвета Богородица, започна спасението на луѓето и обновата на созданието.
















