ТЕРА

REKLAMA???

Извадени бројни гранати и бомби од Тумбе Кафе

Експерти на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола веќе една недела работат на извлекување на гранати и рачни бомби од западната страна на тумбекафе.

249 минофрлачки ганати и 132 рачни бомби се извадени од тлото на западната страна од Тумбе кафе , кадешто багери го подготвуваат теренот за изградба на објект. Според информациите од Ѓорги Стефановски,  во претходните денови од местото биле извлечени стари примероци на арсенал од Првата светска војна. Се работи за минофрлачки гранати со калибар од 60 милиметри и рачни бомби Ф – 1 , француски. Сите се од првата светска војна . Извклекувањето на артсеналот започнал на 27 минатиот месец, по дојава од граѓани испратена до СВР и Дирекцијата. На извлекувањето се работи секојдневно, а се претпоставува дека ги има многу.

Ова не е првпат Дирекцијата за заштита и спасување да извлекува арсенал од Првата светска војна. Особено на овој терен, непосредно до турското Џепане, а врз просторот кадешто некогаш беше сместена касарната на Југословенската армија.