ТЕРА

REKLAMA???

Вандали ја опожарија фасадата на медицинското училиште во Битола

За време на празничните неработни денови, поточно на 11.04 во 1 часот и 30 минути по полноќ беше извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на медицинското училиште во Битола, при што пожарот се прошири и предизвика оштетување на фасадата на задниот дел на објектот.

Благодарение на навремената интервенција на надлежните служби од противпожарната единица и Министерството за внатрешни работи, пожарот беше локализиран и спречени се поголеми последици. Случајот е пријавен и во тек е постапка за откривање и санкционирање на сторителите, соопштија од медицинското училиште.

Остро го осудуваме овој чин на уништување на јавен имот и апелираме до надлежните институции за брза и ефикасна разрешница. Училиштето ќе ги преземе сите потребни мерки за целосна санација на штетата и дополнително зајакнување на безбедноста. Нема да толерираме вакви постапки, велат од училиштето.