Поради скината цевка во сегмент од котел, ТЕ Битола 3 е исклучен од електроенергетската мрежа од вчера во 18:00 часот, соопшти АД ЕСМ.
Претходно, се започна со подготвителни активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денешниот ден.
Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе продолжи и во претстојниот период, , информираат од комбинатот.
Поради скината цевка во РЕК Битола исклучен ТЕ Битола 3













