Двајца битолчани возеле под дејство на алкохол во Прилеп и Демир Хисар. На ул.„Добривое Радосављевиќ” во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Б.Р.(47) од Битола. При сообраќајна контрола тој бил сопрен со неговото патничко возило„хонда” со битолски регистарски ознаки, при што констатирано било дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,93 промили алкохол во крвта. По ова бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
Ден претходно, односно на 13 април на ул.„Гога Димитровски ” во Прилеп бил лишен од слобода Б.В.(73) од Прилеп. Имено, при вршење увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со возило „спарк” со прилепски регистарски ознаки, утврдено е дека Б.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта. Исто така, утврдено е и дека вториот учесник во сообраќајната несреќа А.Д. од Прилеп, управувал патничко возило „алфа” без возачка дозвола.
Истиот ден на ул. „Битолска” во Демир Хисар , полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишија од слобода Г.М.(47) од Битола. Тој возел под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,76 промили алкохол во крвта.
На 13 и 14 април во Битола се регистрирани два напади. Б.К.(51) од Битола пријавил дека ул.„Партизанска” во Битола, неговиот малолетен син, додека бил заедно со неговиот другар биле пресретнати од четворица малолетници, кои физички го нападнале синот на пријавителот.
И.Ј.(40) од Битола пријавил дека во населба Стрчин во Битола, додека бил заедно со неговиот пријател В.С.(62) од Битола, бил нападнат со употреба на дрвен предмет од А. С.(18) од с. Лера,битолско. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.












