ТЕРА

REKLAMA???

Битола во седум години градинка не заврши

Повеќе од седум години по првите најави во 2019 година, детската градинка во просторот на поранешната касарна во Битола сè уште не е ставена во функција. Најавено е дека оваа градинка ќе има капацитет од 250 деца во предшколска возраст.

Проектот на Општината за изградба на градинка во касарната беше најавен како  решение на проблемот со листите на чекање. И оттогаш, уште се гради и санира и рехабилитира изграденото,  па пак гради, а во меѓувреме и неколку избори поминаа. Се предвидуваше современ објект за неколку стотини деца, кој ќе биде еден од најголемите во градот.

Но, реалноста денеска е поинаква.

Градинката во касарната навистина е голем објект, со кој  минувачите со своите автомобили  се шегуваат дека ќе падне.

Иако во изминатите години беа најавувани различни фази на изградба и „интензивирање на работите“, објектот повеќепати остана во градежна фаза – прво поради проблеми со теренот и подземни води, а потоа поради бавна динамика на изведба и технички доцнења.

Според последните достапни податоци од 2025 година, објектот е доведен до висока градежна готовност, но сè уште не е отворен за употреба, а не е јасно кога точно ќе биде ставен во функција.

Затоа што сега таму се спроведуваат работи за ставање на потпори на криво изградените балкони, кои такви какви што се имаат наруѓена статика. На шега се зборува дека архитектот што проектирал само убаво цртал, но немал шеловано во својот живот.

Изградбата на детската градинка во касарната во Битола започна во време на друг градоначалник, a реалната физичка изградба започнува во 2021 година.  Проектот продолж под нова локална власт, а веднаш во 2022 година  се до 2025 има застој, па објавен успех за решавање на проблемот со подземните води, па промена на изведувачите без многу јасно образложение. Освен лица ангажирани во изградбата, денеска не пресретнаа и родители на деца за кои природно е да ги користат услугите на оваа градинка. Иако пресретнавме многу малку,  со познатата фраза којашто ги спојува тресењето на горите и раѓањето на глушецот, објаснаа дека проектот кој требало да биде решение станал пример за долготрајна недовршена јавна институција.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2019 година живородени деца во Битола имало 495, во 2020 година – 471, во 2021 – се родиле 452 деца, во 2022 година 439 , во 2023 година – 428 деца, а во 2024 година – 414 деца. Само во последниот квартал од 2025 година, Битола добила 144 нови деца.  Сите овие, родени во овие седум години ја надминаа потребата за градинка.