ТЕРА

REKLAMA???

„МОДА СО ВТОР ЖИВОТ: ПРЕНАМЕНА, РЕУПОТРЕБА И ОДРЖЛИВОСТ“

„Добредојде Македонија-Welcome Centre“, на 17.04.2026( петок), ве поканува на:

Вториот моден форум на DMWC на тема:

 „Мода со втор живот: пренамена, реупотреба и одржливост“, којшто ги отвора вратите за сите коишто веруваат дека: модата може да биде креативна, одржлива и инспиративна!

  Настанот е дел од проектот: „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, реализиран со поддршка на Амбасадата на Република Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија.

Место на одржување: Офицерски дом-Битола

Регистрација и изјави за медиуми: 10:30 – 11:00 часот

Поздравни обраќања:

  • Г-ѓа Емилија Миладинова Аврамчева, претседателка и основач на „Добредојде Македонија – Welcome Centre“
  • Неговата екселенција, г-дин Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија

Панелисти на форумот:

  • Ирина Тошев-Македонска модна дизајнерка и едукаторка за одржливост
  • Силвана Атансовска-Reuse Center Битола,.
  • Марија Магдалена Петковска Микаровска –„Ministry of Second Hand“,
  • Фируз Мемет- ЕКО ТЕКСТ Груп ДОО
  • Јулијана Поповска –ТекстилЧЕ

 

Панелот ќе ги афирмира можностите на модата со „втор живот“, спојувајќи креативност, одржливост и практични решенија кои ја обликуваат иднината на модната индустрија во Македонија.

Форумот е уникатна можност за: размена на знаење, позитивни практики, инспирација и создавање контакти со експерти кои го трансформираат текстилот во одговорна и одржлива мода.