ТЕРА

REKLAMA???

НОВИ ПРАВИЛА ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ СО АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА

Од 18 јуни 2026 година, Грција воведува значително построги правила за задолжителната опрема во возилата, со што директно се засегаат и странските возачи кои секојдневно транзитираат или летуваат во земјата, меѓу нив и македонските туристи.

Имено, сите возила што влегуваат во Грција мора да носат нов, пообемен комплет за прва помош, кој содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облози за изгореници. Во спротивно следуваат казни.

Комплетите за прва помош отсега ќе мора строго да одговараат на европскиот стандард DIN 13164:2022 или негов еквивалентен ISO норматив. Со тоа, досегашната „флексибилност“ се заменува со прецизно дефиниран список на задолжителни елементи.

Според новите правила, секое возило ќе мора да поседува целосно усогласен сет од 16 различни ставки. Меѓу нив се издвојуваат термално спасувачко ќебе и заштитни медицински маски, кои стануваат задолжителен дел од опремата, нешто што досега не било универзално барање во сите држави од регионот.

Во стандардизираниот комплет се вклучени и стерилни завои во повеќе големини, газа за изгореници, еластични бинтови, триаголна марама, медицинска леплива лента, фластери, ножици за прва помош, ракавици за еднократна употреба, дезинфекциски марамчиња и упатство за правилно укажување прва помош. Целта, според регулативата, е зголемување на подготвеноста на возачите во итни ситуации и намалување на ризикот од дополнителни повреди пред пристигнување на медицинска помош.

Посебно внимание се посветува на квалитетот и трајноста на материјалите. Сите елементи мора да носат CE-ознака, како потврда дека ги исполнуваат европските стандарди, а возачите се задолжени редовно да го проверуваат рокот на траење на стерилните делови од комплетот. Дополнително, комплетот треба да биде сместен на лесно достапно место во возилото, за да може да се употреби без одлагање во критични ситуации.

Возилото треба да има и стандарден комплет за итни случаи, што важи не само за Грција, туку и за речиси цела ЕУ: Сигнален триаголник; рефлектирачки елек (препорачливо е да имате повеќе од еден рефлектирачки елек во автомобилот); апарати за гаснење пожар (проверете ги роковите на материјалите и апаратот за гаснење пожар); комплет за прва помош (аптека).

Покрај ова, во функција се смарт камери на делови од патиштата и во поголемите градови, како Солун и Атина, а воведени се и нови ограничувања на брзината во урбаните региони.