ТЕРА

REKLAMA???

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ТРОЈЦА БИТОЛЧАНИ КАЈ КОИ Е ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА

На 20.04.2026 во 00:50 часот на ул.„Крушевска република” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода  Ј.З.(37)  и А.Т.(33), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај Ј.З. била пронајдена и одземена марихуана. По целосно  документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2026 во 19:50 часот на ул.„Мукос” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиja од слобода 16-годишник од Битола затоа што кај него биле пронајдени и одземени  марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.04.2026 во 18:00 часот на ул.„Кресненско востание” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода  В.Т.(36) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т., при што е констатирано дека го управувал без да поседува важечка возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 19.04.2026 во 17:31 часот на ул.„Борис Кидрич” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен  го лишиле од слобода  Н.С.(48) од Ресен. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле товарно возило „форд” со ресенски регистарски ознаки,  управувано од Н.С., при што е констатирано дека го управувал за време на изречена активна мерка забрана за управување возило со Б категорија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.