ТЕРА

REKLAMA???

ОД ПОЛНОЌ ГОРИВАТА ПОЕВТИНУВААТ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти во однос на претходната одлука.

Од ноќеска на полноќ, цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1,50 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 0,50 денари.

Според новата одлука, од 21 април во 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 80,50 денари за литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 82,50 денари за литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94,00 денари за литар
Екстра лесно масло (ЕЛ-1) – 97,00 денари за литар
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 денари по килограм и ќе изнесува 46,288 денари.

Од РКЕ посочуваат дека намалувањето на цените е резултат на пониските референтни цени на светските пазари, особено кај дизелот, каде падот изнесува над 9 проценти.