Битолската уметничка Кети Радевска доби награда од Кина за карикатура со Куќата на сонцето.

Месец април е особено значаен за оваа наша талентирана уметничка, која покрај наградата од Кина се закити и со значајно признание од Институтот за светска карикатура.
„Првата награда која стигна до мене беше од Кина од меѓународен фестивал за карикатура. Тематиката беше посветена на традициите на Кина. Јас цртав на тема Куќата на сонцето во Кина, еден пракрасен, културно заштитен објект. Од таму добив награда која ми е многу драга. Од Кина имам и други награди, но оваа ми е особено драга. Исто така од Институтот за светска карикатура со седиште во Полска ми доделија сертификат за амбасадор и претставник на карикатурата од Македонија.“-вели уметничката Кети Радевска.
Радевска деновиве освои и специјална награда од Индија.
„Од Индија ни беше доделена специјална награда. Тоа е национален натпревар за карикатура, но со можност да учестуваат и од други држави на меѓународно ниво.“-вели Радевска.
Таа додава дека чувството нејзини дела да го обиколуваат светот е непроценливо.
„Чувството е прекрасно и морам да кажам дека тоа е нешто што ја исполнува душата.„-вели таа.
Радевска веќе подготвува нови дела кои ќе бидат претставени надвор од државата.












