ТЕРА

REKLAMA???

Битолска Бистрица без вода за пиење и по еден век од Водовод

Зовре интернетот деновиве со сликите и снимките од каллива загадена вода којашто тече од чешмите во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во селото Бистрица. Видеата и фотографите на Фејсбук и на Инстаграм, се пропратени со коментари дека во селото нема бактериолошки исправна вода за пиење, но посочувајќи на сериозната и потенцијална здравствена криза којашто постои со години.

Се работи за долгогодишен проблем со водоснабдувањето во ова село, лоцирано на 5-10 минути возење со автомобил од Битола. Водоводен систем, жителите велат нема. Но фактите говорат дека е комбиниран и застарен. Делови од селото имаат водоводна мрежа поврзана на градскиот односно регионалниот систем на Стрежево и битолски „Водовод“, а дел од имотите, жителите, делумно се поврзани на локална и постара мрежа на водоводни цевки.

Оттука и честите проблеми на каллива вода, стари цевки, дефекти во системот, потреба за празнење и чистење на базенот кадешто се собира водата. И, најважниот момент, фактот што во Бистрица водата не е хигиенски и бактериолошки подобна за пиење. Се работи за технолошка вода, којашто не е погодна особено не за  деца во школска возраст, кои се во развој.

Засега Бистричани зборуваат дека градинката во селото се затворла поради недостаток на вода, што било последица на нерационалното користење на заедничките ресурси за лични интереси, без да се размислува за доброто на целата заедница. Па има и поделеност на Горномаалци кои водата ја „продале“ на сметка на долномаалци кои иако помалубриојни немаат мака да ја трошат водата што не ја плаќаат за наводнување на своите ниви. Дел од бистричани бараат Водовод Битола да го преземе управувањето со локалниот водовод, ама на законски начин, кој, од старт е во колизија со правото на избор на користењето на ресурсите.

Досега, освен политичко изборно ветување за „БИСТРИЧКИОТ РЕГИОН СО БЕЗБЕДЕН ВОДОВОД И НОВА ИНФРАСТРУКТУРА“ , и најавата за новиот стрежевски цевковод, нема конкретни промени ниту информации за работи на овој инфраструктурен сегмент. Не помага ниту групата граѓани кои своите барања и информации ги споделуваат преку социјалните мрежи и апелираат дека Бистрица – сака чиста вода за пиење.

Инаку, според европските директиви упатени до македонската држава, државата во сите свои степени на управување е одговорна за обезбедување пристап до здравствено безбедна вода за пиење, но и за намалување на концентрациите на загадувачките супстанции и во урбаните и во руралните средини, односно одговорна е за достигнување на граничните вредности за квалитет на водите за пиење, кај нас дефинирани и со Правилник на Министерството за чиста животна средина.

 

 

фотографии: ФБ група Бистрица сака чиста вода за пиење