Влажните живеалишта на влекачите и водоземците во Преспа се особено ранливи на исушување – процес што сè поизразено го засега овој регион кој е од исклучително еколошко значење. Токму затоа, нивниот систематски мониторинг претставува клучна алатка за следење на состојбите во екосистемот и за навремено планирање и спроведување на соодветни мерки за заштита.
Во насока на зајакнување на истражувачките капацитети на заштитените подрачја во регионот, а во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“ Македонското еколошко друштво во соработка со претставници од Паркот на природата Езерани, Националниот парк Галичица и Природонаучниот музеј реализираше теренска обука посветена на мониторингот на влекачи и водоземци во Преспа, со особен фокус на блатната желка (Emys orbicularis), македонскиот мрморец (Triturus macedonicus) и балканскиот мал мрморец (Lissotriton vulgaris).
Еве како изгледаше ваквата активност:





















