4 Mај е ден на празнувања. Nо различни општества прославуваат различни празници – во Mакедонија се чествува ликот и делото на Гоце Делчев, на Балканот – ликот и делото наТтито, во САД се одбележува големината на филмската франшиза „Војна на ѕвездите“ преку реченицата „Силата да биде со тебе !“.
На 4 мај, датум што на прв поглед изгледа како обичен ден во календарот, различни општества впишуваат сосема различни значења. Во Македонија, вниманието се насочува кон ликот и делото на Гоце Делчев – симбол на националната борба и идентитет. На поширокиот балкански простор, се одбележува годишнината од смртта на Јосип Броз Тито, фигура што и денес предизвикува поделени сеќавања, од носталгија до критичко преиспитување. Во САД, пак, 4 мај е претворен во поп-културен празник – т.н. „Star Wars Day“, инспириран од филмската франшиза Star Wars.
Споредбата нема намера да омаловажи – напротив да посочи дека современото општество има други теми или начини да покаже патриотизам сосе вечната борба на доброто со злото. Современите општества создаваат „нови традиции“. „Star Wars Day“ покажува дека колективното поистоветување повеќе не мора да произлегува само од историјата или националните митови, туку и од глобалната поп-култура. Во таа смисла, разликата меѓу „високата“ историја и „популарната“ култура се брише – и едната и другата служат како алатки за припадност.
Овие тру различни обележувања посочуваат на важноста од празници. Антрополошки, празниците се механизми за создавање и одржување на колективен идентитет – тие ја кондензираат историјата, вредностите и емоциите во симболични ритуали. Преку чествувањето на историски личности како Делчев или Тито, заедниците не само што се сеќаваат на минатото, туку активно го интерпретираат во согласност со сегашните потреби и наративи.
На крај, 4 мај е само еден пример на збри на различни одбележувања, но идентиечн пример – на истата човечка потреба да припаѓаат, да се сеќаваат и да имаат заедничко значење.
Насловна фотографија: Вештачки генерирана слика












