ТЕРА

REKLAMA???

„ТОСКА”НА 54 ИЗДАНИЕ НА „МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ”

Во рамките на 54. издание на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери” на 16 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет  во Скопје ќе се изведе ремек-делото „Тоска” од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер”.