ТЕРА

REKLAMA???

Одржливи пристапи за здравјето на потрошувачите

Со презентации на студии на случај, научни излагања и тркалезна маса, успешно заврши четвртиот колабораториум на УКЛО КОЛОРС, одржан на темата: „Од нуспроизводи до функционална храна – Одржливи пристапи за здравјето на потрошувачите“ Настанот, реализиран во Колаборативниот простор во СИЦ на УКЛО, беше посветен на иновативни и одржливи пристапи во трансформацијата на прехранбените нуспроизводи во функционална храна со додадена вредност за здравјето на потрошувачите.

CoLab 2026 на едно место обедини експерти, истражувачи, студенти,претставници од индустријата и академската заедница, отворајќи простор за квалитетни и конструктивни дискусии за клучни теми, меѓу кои: одржливо управување со прехранбени нуспроизводи, развој на функционална храна, циркуларна економија во агро-прехранбениот сектор, иновации за унапредување на јавното здравје и одржливи модели на исхрана.

„Интенцијата е да има многу стејкхолдери на едно место, а ние ќе пробаме да ги сублимираме и да го премостиме просторот меѓу академијата и реалниот свет со цел да бидат едно.“-вели Проф.д-р Рената Петровска Нечковска, академски раководител на УКЛО во Европската Универзитетска Алијанса „Колорс“.

Во рамки на тркалезната маса беа отворени бројни прашања и идеи кои ќе бидат основа за понатамошна работа. Од нив ќе произлезат предизвици кои студентите, заедно со своите ментори, ќе ги обработуваат преку: проектни задачи, дипломски и магистерски трудови и докторски истражувања. Во проектот е вклучена и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

„Ние како агенција делуваме советодавно кај земјоделските производители во самиот начин на производство и агротехничките мерки кои ги спроведуваат при производството на храна.“-вели Зоран Бардаковски, раководител во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Во Колабораториумот се приклучуваат и компании. Целта е да се овозможи присуство на што повеќе засегнати страни на едно место и да се зајакне соработката меѓу академијата и реалниот сектор.

Настанот покажа дека преку заедничка работа и размена на знаење се создаваат реални решенија за иднината на храната, со силен фокус на здравјето на потрошувачите и одржливото користење на ресурсите.