Денешното убиство во Битола е петто убиство на жена во контекст на семејно насилство во државата, а тоа е „последица на долго време непостапување како што треба, последица од непреземањето навреме на нашите обврски, неменувањето на законските решенија или нивното невостпоставување“, вели адвокатката Катерина Котевска – Стисниовска, познат гласноговорник против семејното насилство.

„Национална стратегија за борба против семејното насилство, јасни упатства, препораки, насоки и правилници за меѓуинституционално справување со проблемот и, систем на контрола, за да немаме вклучување на алармите кога ќе се јават последиците“ како денешното петто убиство на жена во Македонија од почетокот на годината досега.

Погледнете го разговорот во целина на врската што ве води до YouTube












