ИНИЦИЈAТИВА ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ЗАКЛУЧОК за осуда на говор на омраза, навредлливо и недолично јавно однесување при спортски прослави
Со оваа Иницијатива се предлага Советот на Општина Битола да усвои Заклучок тргнуваіќи од потребата за заштита на достоинството на граѓаните, спортскиот дух, меѓусебната почит и јавната култура, со кој:
1.Советот на Општина Битола најостро го осудува секој облик
на омраза, навредливо, вулгарно, понижувачко и недолично
на говор однесување при спортски настани и іавни прослави, без разлика од кој клуб група или поединец лоаѓа.
2.Советот оценува дека спортските успеси треба да се слават јавно достоинствено, со почит кон
противникот, а не преку пораки кои создаваат поделби, омраза, навреди и понижување.
3.Советот изразува став дека ваквите појави не се навивачка
страст, туку удар врз спортската култура, врз младите генерации и врз вредностите кои локалната заедница треба да ги негува,
4.Советот ја повикува Фудбалската федерација на Македонија
надлежните институции да постапат согласно своите надлежности и правилници, со цел спречување на слични појави во иднина.
5.Советот ги повикува сите спортски клубови, навивачки групи, јавни функционери и спортски работници да покажат одговорност, да се воздржат од говор на омраза и да придонесат спортот да остане простор на натпревар, почит и заедништво.
6.Овоі заклучок да се достави до Фудбалската федерација на Македонија, Министерството за спорт, спортските клубови од Општна Битола и јавноста.












