Советот на општина Битола денеска усвои заклучок за осуда на говор на омраза, навредливо и недолично јавно однесување при спортски прослави. ја предложија советниците од советничката група на сдсм, но сите советници од овој инцидент на спортистите се чувствуваат навредени како битолчани, а иницијативата беше едногласно прифатена.

Наместо прослава на успех Македонија виде парада на примитивизмот, па советничката група на СДСМ денеска предложи иницијатива којашто тргнува од потребата за заштита на досторинството на граѓаните, а потоа и спортскиот дух, меѓусебната почит и јавната култура со која Советот на Општина Битола најостро го осудува секој обилк на омраза, навредливо, вулгарно, понижувачко однесување и говор на омраза при спротски настани, јавни прослави, без разлика од кој клуб, група или поединец доаѓа. Советникот Александар Дракулевски од СДСМ ја прочита иницијативата пред советниците, а таа беше едногласно прифатена, а со неа Советот ги повикува сите спотски клубови, навивачки групи, јавни функционари и спортски работници да покажат одговорност, да се воздржат од говор на омраза и да придонесат спортот да остане простор за натпревар, почит и заедништво.

Овој заклучок ќе биде доставен до Фудбалската федерација на македонија, Министерството за спорт, спортските клубови од Општина Битола и јавноста.












