Прилепската полиција вчера имала полни раце работа и со неодговорни возачи. Најдрастичниот случај е регистриран во 23:45 часот на улицата „Кораб“, каде полициски службеници го лишиле од слобода Ф.A. (45) од Прилеп.
При редовна контрола во сообраќајот, полицијата дала знак за запирање на неговото возило „Фолксваген Голф“ со прилепски ознаки. Наместо да запре, Ф.А. ја зголемил брзината и се обидел да побегне, но набргу бил пресретнат и запрен. Проверките ги откриле следните прекршоци:
Возилото го управувал без возачка дозвола.
Бил под силно дејство на алкохол – му биле измерени дури 2,01 промили алкохол во крвта.
По комплетно документирање на овој случај, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Прилепчанец со 2 промили алкохол се обидел да и избега на полицијата












