ТЕРА

REKLAMA???

Граѓанска реакција: Пешачките премини не треба се фарбаат кога сообраќајот е најгуст

Денеска во претпладневните часови се одвиваше акција за фарбање на пешачките премини на коловозот над Црн Мост, што предизвика реакции кај граѓаните поради тајмингот на изведување на работите.

Велат дека иако никој не ја оспорува важноста на добро означените пешачки премини за безбедноста во сообраќајот, сепак, одлуката да се фарба во најфреквентниот дел од денот предизвикува сообраќаен застој и го забавува движењето на возилата во овој дел од градот.

„Апсолутно е потребно да се фарбаат премините, но зошто тоа мора да се прави во 10 часот наутро кога сите се излезени со возилата? Како што е пракса на Западот, ваквите комунални активности треба да се вршат во ноќните часови кога улиците се празни“, велат битолчани.