ТЕРА

REKLAMA???

Реизбран директорот на ОУ „Стив Наумов“ , се чека потпис од градоначалникот

Никола Пискачев доби уште еден 4 годишен директорски мандат. Училишниот одбор го реизбра за директор на основното училиште „Стив Наумов“ во Битола. Се чека само потпишување на одлуката од градоначалникот на Битола.

Општинското основно училиште „Стив Наумов“ деновиве од градоначалникот го очекува озаконувањето на одлуката на училишниот одбор за реизборот на Никола Пискачев за директор на ова училиште.

Според законските рокови и правила, конкурсот за директор на ова училиште беше објавен од 21 до 28 април, а пријавите ги разгледа 7 член училишен одбор. Едногласно ја прифатиле програмата на Пискачев кој е на чело на ова училиште од јуни 2022 година.

Градоначалникот Коњановски одлуката требаше да ја потпише денеска, според законските рокови, најдоцна в понеделник. Во спротивно предлогот на Училишниот одбор ќе биде доставен до министерката за образование, којашто треба да одлучи дали ќе се испочитува волјата и гласовите на училишниот одбор.

Пискачев на директорската позиција на во ОУ „Стив Наумов“ стапил на 28. Јуни 2022 година, а и тогаш министерството за образование ја озаконила одлуката на одборот.