ТЕРА

REKLAMA???

Толку од европските вело патеки

Работа, работа и само работа… но без видливи индикатори!!! Толку од европските вело патеки.

На 21 мај ТЕРА телевизија објави вест за граѓанска реакција во која беше побарано санирање на состојбата на прскалките на улицата Васко Карангелевски во Нова Битола кои ја поплавуваа велосипедската патека.

По веста на Тера денеска, по една седмица, екипите на Водовод излегоа на терен. Од Водовод соопштија дека во изминативе денови детектирале дефект на водоводната мрежа, поради кој доаѓа до поплавување на тревните површини и дел од велосипедската патека на улица „Васко Карангелевски“, поточно кај Ремо 3 во Нова Битола.

Екипите започнаа со санација на дефектот и упатија апел за трпение од страна на граѓаните кои се движат во овој дел од градот. Воедно упатија извинување до велосипедистите бидејќи извесен период нема да можат да ја користат велосипедската патека на оваа локација.

Работиме на тоа дефектот да биде отстранет во најкус можен рок, по што локацијата ќе биде вратена во првобитната состојба – и во делот на зелениот појас и на велосипедската патека, велат од Водовод.

Се работи за вело патеки во кои се вложени сериозни финансиски средства, но поради актуелните зафати вело патеката кај Ремо е раскопана и со тоа нема да биде во функција до санирање на работите.