ТЕРА

REKLAMA???

Бележењето на хоризонталните ознаки на коловозите се врши согласно временските услови, велат од Паркинзи

По граѓанска реакција зошто пешачките премини над Црн Мост во Битола се фарбаа во претпладневен термин кога сообраќајот е густ од јавното претпријатие Паркинзи за Тера телевизија појаснуваат дека бележењето на хоризонталните ознаки на коловозите е постапка која релативно не е комплицирана, но мораат да бидат задоволени неколку услови кои заради непосредната зависност од климатските влијанија (температура на амбиентален воздух, температура на подлога и специфична влажност на воздухот) сами по себе го детерминираат временскиот период на бележење.

„Во моментов тие климатски услови налагаат бележењето да се извршува исклучиво во временскиот период во кој тоа се прави. Свесни сме дека на моменти на одредени локации може да се создаде сообраќаен метеж, но секогаш безбедноста на учесниците во сообраќајот ни е на прво место, впрочем и секој возач кој го напуштил автомобилот во истиот момент станува пешак. Ниту на нашите работници не им е погодно да ги извршуваат овие активности во овој период од денот, но како и секогаш се на висината на задачата и без никакви забелешки ги извршуваат работните задачи континуирано вербално напаѓани и омаловажувани од страна на поединци. А и продуктивноста во овој период е намалена за разлика од обемот на извршена работа извршен во ноќните часови кога можат слободно да ги вршат работните активности.„-појаснуваат од Паркинзи.

Додаваат дека штом временските услови дозволат бележењата ќе се вршат во ноќните часови.

„Првиот момент кога тоа ќе го дозволат временските услови работните активности ќе продолжат во ноќните часови. Впрочем ова е редовна пракса секоја година и насекаде каде се извршуваат операциите на бележење, а доколку тоа се прави во несоодвети температурни периоди пропратени со зголемена влажност на воздухот изработените ситуации нема да бидат одобрени ниту од надзорниот орган.“-информираат од Паркинзи.