Дисциплинската комисија при Фудбалскаа федерација на Македонија донесе одлука со која ФК „Вардар“ се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради навредливо скандирање и несоодветна прослава на титулата од страна на фудбалерите и управата за шампионската титула.
15 илијади евра поради навредливо скандирање и несоодветна просслава на титулата од страна на фудбалерите на ФК Вардар во која се споменуваше името на македонската поп дива Каролина Гочева.
Ова е засега последниот збор на дисциплинската комисија од македонската фудбалска федерација којашто на 19 минатиот месец отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар поради, како што беше наведено, „недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко“ однесување за време на прославата. Федерацијата јавно го осуди настанот и најави санкции.
Скандалот избувна во мај 2026 година за време на прославата на шампионската титула на ФК Вардар. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дел од фудбалерите и лица од клубот пеат вулгарна навивачка песна во која се споменуваат пејачката Каролина Гочева и градот Битола. Наместо спортскиот успех, во јавноста доминираа реакциите за навредливата содржина на песната. Критиките беа насочени кон фактот што навредите не беа упатени кон спортски ривал, туку кон јавна личност и кон целиот град Битола. Дел од јавноста оцени дека содржината има сексистички и понижувачки карактер кон жените. Особено остра беше реакцијата од ФК Пелистер, кој во официјално соопштение ги осуди навредливите пораки кон жените од Битола и оцени дека ваквото однесување претставува „срам за спортот и за општеството“. Клубот порача дека ривалството не смее да биде изговор за омраза и сексизам.
Каролина Гочева е една од најпознатите македонски музички уметници и потекнува од Битола. Поради тоа, многу битолчани го доживеаја навивањето не само како напад врз пејачката туку и како навреда кон градот и неговите жители. Реакции пристигнаа од политичари, спортски работници, медиуми и бројни граѓани на социјалните мрежи.
Настанот се претвори во една од најкоментираните спортски теми , па наместо шампионската титула на Вардар да биде главна тема, вниманието на јавноста беше пренасочено кон прашањата за говорот на омраза, сексизмот, одговорноста на клубовите и границите













