ТЕРА

REKLAMA???

Одговорите на Коњановски: Округло па на ќоше – многу зборови, малку одговори

Градоначалникот Тони Коњановски денес повторно покажа дека може долго да зборува без притоа да даде конкретен одговор на конкретно поставени прашања.
Иако јавноста очекуваше јасни информации околу најавената ревизија во ФК Пелистер, Коњановски не откри која ревизорска куќа ќе ја спроведува ревизијата, ниту кој ќе ги покрие трошоците за нејзиното спроведување.
Без одговор остана и прашањето дали чувствува политичка или морална одговорност за состојбата во која се најде ФК Пелистер. Наместо директен став, следуваа долги образложенија кои не дадоа јасен одговор дали градската власт се дистанцира од случувањата во клубот или прифаќа дел од одговорноста.
Исто така не одговори зошто не одговори на прашањата на Тера Телевизија, иако беше уредно побаран за да го даде сопственото видување и мислење како што му налага функцијата градоначалник.