Општинското трио Коњановски, Димитровски и Бојковски требало да патува во Кина, јавноста остана без одговор зошто патувањето пропадна
Особено симптоматичен беше одговорот на прашањето за планираното патување на триото Коњановски, Димитровски и Бојковски во Кина, кое според информациите што пристигнаа во нашата редакција било откажано во последен момент. Наместо јасно објаснување за целта на посетата, трошоците и причините за откажувањето, јавноста доби уште еден нејасен одговор. Коњановски кусо рече дека „се поклопувале термините“, но не кажа кои термини, со кои обврски се поклопиле и зошто тоа било причина патувањето да не се реализира.
На крајот од прес-конференцијата остана впечатокот дека граѓаните добија многу зборови, но малку суштински одговори. Прашањата останаа исти, а одговорите повторно се вртеа округло па на ќоше.












