ТЕРА

REKLAMA???

ПРЕМИЕРАТА НА „ИДЕАЛЕН МАЖ” ВО ХНК ЗАГРЕБ ДОЧЕКАНА СО ДОЛГИ АПЛАУЗИ

Со голем успех и исклучителен интерес од публиката, на 5 јуни во HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб се одржа премиерата на претставата „Идеален маж” според драмата на Оскар Вајлд, во режија на Александар Поповски и со музика на Кирил Џајковски.
 
Премиерата беше проследена со долги аплаузи и одлични реакции од публиката, која ја исполни големата сала на HNK до последно место. Претставата уште пред премиерата привлече огромно внимание и сите пет закажани изведби во текот на јуни се целосно распродадени.
„Идеален маж” претставува ново остварување на долгогодишната и исклучително успешна соработка меѓу Александар Поповски и Кирил Џајковски, авторски тандем кој повеќе од две децении создава значајни театарски проекти на сцените низ Европа. Нивниот препознатлив уметнички јазик уште еднаш беше потврден преку современото читање на класичното дело на Оскар Вајлд, во кое темите за моќта, моралот и општественото лицемерие добиваат силна актуелност.