Жителите на зградите од улица Цане Василев 1 и 3 бараат од општината да ги заштити дрвјата стари 50 години на просторот кој е наменет за паркинг во областа Овчи Пазар. Општината засега се оглушува на нивните барања.

Две недели трае директното натегање на жителите со претставници на Општината кои им објаснуваат дека за планираниот паркинг мора да се сечат дрвајат и да се намали зелениот појас. Жителите реагираат и се спротивставуваат, велат од првичниот урбанистички план досега има промена, па паркингот ќе биде под балкон на становите лоцирани на приземје.

Местото во непосредна близина на паркчето на улица Филип Втори Македонски ( порано Иван Милутиновиќ) и сега се користи како паркинг простор. Од сите што знаат дека меѓу неколку згради се наоѓа празен земјен простор кој може да се искористи. Дивиот паркинг или просторот што жителите на зградите го користат како свое паркиралиште, затоа што е под нивните згради го користат и сите други граѓани кои се упатиле кон градскиот стар пазар или пак во старата чаршија, заради непосрдената близина и , да се избегне плаќањето на секогаш преполните паркинзи во околината.

Но, жителите се спротивставуваат на плановите за изградба на паркингот со димензии кои не им биле кажани на јавната расправа. Најмногу заради тоа што дознале оти нема само да се поплочува со бехатон плочки и евентуално ќе се постави рампа и куќарка, туку ќе се исечат сите долгогодишни дрвја, кои така виско израстени често претставуваат единствената ладовина што ја имаат во летните денови.

Ја започнале својата реакција до Општината пред две години. Веднаш се обратиле со барање зелените површини и 9 високи дрвја да бидат изземени од површината при градењето на паркингот и се потпишале. Од Општина по две години решија да ги зголемуваат паркинг зоните. Засега, според дискусиите што две недели ги водат со претставници на општината, градската управа не ја интересира дали има дрвја и дали паркингот ќе „влегува“ во балконите на зградите. Па во мај годинава повторно се обратиле до Општина со проширени прашања: си го побараа писмениот одговор на барањето од 2024 година, побарале увид во целосната проектна, техничка и урбанистичка документација, го бараат одобрението за градба – доколку го има, побараа графички приказ на паркингот и зелените површини и на растојанијата и, побараа да им биде доставена правната основа врз која општината продолжува со изградбата на овој паркинг. Во барањето , пред убедувањата со претставниците на општината, велат: зелената површина и дрвјата со децении служат како природна заштита, ја намалуваат температурата во лето, и загадениот воздух во зима.

Во разговорот со нас пак дополнија и дека се сомневаат оти општината планира да ја искористи маркицата за изградба на станбена или деловна зграда којашто се наоѓала на спојот на паркингот и паркчето и блиските објекти од околните улици. И се потсетија дека градоначалникот Тони Коњановски на жителите од зградит зад ЈАТ им ветил дека нема да има катна гаража иако грдот има веќе готов проект за тоа.

ТЕРА ТВ денеска упати прашања до општина Битола, кои ќе бидат објавени веднаш по одбивањето на одговорите.












