ТЕРА

REKLAMA???

Во ИЗ Жабени Битола фирмите плаќаат за пречистителна станица која не работи со години

Пречистителната станица во Идустриската зона Жабени подолго време не функционира. Никој не ја поправа, а Општината редовно пишувала фактури на компаниите лоцирани таму, кои пак, редовно си ја плаќале услугата којашто не ја добиваат.

Тринаесет години по развојот на ИЗ Жабени и три по констатацијата дека во претходниот состав на локална самоуправа пречистителната станица не работи, состојбата е иста. Пречистителната станица не работи, фекалиите по силата на гравитацијата и каналите направени „од дамнина“ се слеваат во петтиот канал. Кај нас тоа би било нормално, оти така е , но општината наплаќа за користење на пречистителната канализација и добива пари , редовно, на издадена фактура.

Пречистителната станица во Индустриската зона Жабени беше пуштена во употреба во март 2013 година. Тогаш истовремено беа ставени во функција и пречистителната станица и новата трафостаница, како дел од инфраструктурното доуредување на зоната. Инвестицијата за двата објекта изнесувала околу 1,8 милиони евра,  пари од владата и општината. Со Трафостаницата стопанисува ЕСМ, со пречистителната – Битола преку својата индустриска зона. За неа беа потрошени 600 илијади евра.

Пречистителната станица располага со соодветна технологија – изграден е систем со пумпи кои треба да ги носат фекалиите до таложниците. Но, Очигледно е дека 9те преливни базени кои ја чистат и таложат внесената маса не се функционални. Дури и орелот кој овде очекувал да начека храна или вода за себе, кренал раце.

Декларациите за грижа за животната средина, според снимките, се само тоа – декларација, којашто досега никој не ја претворил во конкретни чекори. Затоа што крајниот резултат од овој процес требаше да биде чиста вода погодна за наводнување и талог кој може да се користи како готово ѓубриво во земјоделието. Крајниот резултат е израстена трева и растенија кои виреат во фекални маси.

Системот на пумпи што треба да ги црпи фекалиите е целосно исклучен, каналот под пругата низ кој врват непречистените фекални маси шири смрдеа од распаднат и наталожен билирубин, за што сведочат патниците на возот Битола – Жабени. На пругата којашто и зоната и жабени и нас како битолчани и граѓани на Македонија треба да не однесе во ЕУ.

Неколку прашања и неколку новинарски ззклучоци се наметнуваат сами по себе, а започннуваат со битолската логика, кој кого … го надмудрува тука? Кој ја носи одговорноста за еколошката катастрофа што се прави кога веќе се изградила инфраструктура за таа да се намали? Зошто иако надвор од функција Општината им фактурира на претпријатијата кои се таму? Каде одат парите што фирмите уредно ги плаќаат, а не ја добиваат услугата? Што ли компаниите кои уредно плаќаат пренесуваат како информација за угледот на општината? Зошто тие плаќаат?

На крај, за привлекување на какви било нови инвеститори, оти функцијата на ИЗ е да учествува во развојот на градот, не треба само добро планирањеи ПР, туку и нејзино одржување на постоечките објекти и планирање на изградба на нови, со поголем капацитет, за повеќе од сегашните 6.800 кои се движат на теренот на дневна основа.

 

 

Денеска ТЕРА испрати прашања до директоро на ИЗ Жабени и Општина Битола. До заклучувањето на вестите нивните одговори не приситигнаа во редакцијата. Ќе бидат објавени во следните изданија на „Актуел“.